Филипче: Не очекувам политизација во испораката на вакцините по протерувањето на рускиот дипломат

Повторно ќе кажам за досегашната комуникација која беше навистина коректна, не очекувам политизација токму со вацините, но еве да видиме што ќе се случи – рече министерот.

512

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува дека нема да се политизира протерувањето на рускиот дипломат од земјата со набавката на руската вакцина.

– Немам информација дека Македонија токму за ова ќе трпи последици. За време на бројните средби и телефонски разговори со рускиот амбадасор нема никаква најава за политизација на прашањето. Ниту беше така на почетокот, ниту е сега. Останува да видиме да ги кажат најавите, а последните се за пристигнување на одредена количина до крајот на месецот на вакцината „Спутник V“, па ќе видиме тогаш – изјави Филипче.






Тој додаде дека Македонија беше една од земјите која што најмалку временски од моментот на нарачка на руската вакцина до стигнување на првата количина.

– Останува да видиме каква ќе биде динамиката на испораката на вакцините. Случајот со рускиот дипломат се случи вчера, а по протерувањето немав контакт со рускиот амбасадор. Повторно ќе кажам за досегашната комуникација која беше навистина коректна, не очекувам политизација токму со вацините, но еве да видиме што ќе се случи – рече министерот.

Поврзани содржини