ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ Опозицијата обвинува дека министерот работи под диктат на политичката Комисија за заразни болести

И наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните. Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува бројот на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

483

Министерот за здравство Венко Филипче работи само под диктат на политичката комисија за заразни болести, а здравјето на граѓаните и вакцинацијата не го интересираат, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Бројката на починати од корона се движи кон 7.500 лица. На министерот за смрт Венко Филипче секојдневно му умираат млади пациенти, пациенти од 20-тина години, 40-тина години. На европската листа на починати на милион жители Македонија е на високо трето место. Во меѓувреме, министерот за смрт, стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не пак да се заинтересира да ги праша, слушне и да преземе соодветни мерки. И наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани, уцени кон граѓаните. Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува бројот на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле. Филипче си ја слуша политичката комисија и си ги брка личните и интересите на Заев. Затоа крајот брзо ќе му дојде“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини