ФИЛИПЧЕ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СКАНДАЛОТ СО ОНКОЛОГИЈА Тврди дека против него се води кампања, а тоа ќе се покажело во судскиот процес
Да видиме што ќе покаже судскиот процес. На виделина ќе излезе една лажна кампања, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја организираше против мене лично, со анкетната Комисија на којашто изнесоа лаги и клевети дека јас во рамките на ингеренциите во Министерството за здравство некои работи не сум ги извршувал, вели Филипче.
Вина не чувствувам апсолутно, добро е што има процес, истакна денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче и поранешен министер за здравство во одговор на новинарско прашање дали чувствува вина за случајот Онкологија.
Според Филипче, излегло обвинението за случајот и ќе следи судски процес со што, како што вели, на виделина ќе излегла лажната кампања против него.
– Да видиме што ќе покаже судскиот процес. На виделина ќе излезе една лажна кампања, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја организираше против мене лично, со анкетната Комисија на којашто изнесоа лаги и клевети дека јас во рамките на ингеренциите во Министерството за здравство некои работи не сум ги извршувал. Јас ги покажав во јавноста и документите дека тоа не е така и дека сите ингеренции на министерството што се однесува во тој дел се апсолутно извршувани, дури и во најтешките ковид времиња- изјави Филипче.
Тој додаде дека секој кој го прекршил законот треба да одговара.