ФИЛИПЧЕ НЕ БАРА ОСТАВКА ОД ТЕПАЧОТ АКИОВ Така се мотивираат и други тепачи да вршат насилство, предупредува Мицевски

222

Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.

– Венко Филипче има за цел да ја дестабилизира состојбата во Кочани и со создавање на хаос да добие некој ситен политички поен. Тепачот советник Аки Акиов делувал по налог на Заев и Филипче, и затоа нема ни збор од СДСМ во насока на негова оставка. СДСМ и Филипче сакаат односот на Акиов да се преслика и кај други нивни политичари од Кочани и да го малтретираат градот. Насилството на Акиов уште повеќе всади гнев во Кочани и нервоза. Филипче си игра со трагедијата во Кочани, без грам човечност злоупотребува и пробува политички да профитира и на најнекрофилскиот начин – рече Мицевски.

Поврзани содржини