Филипче не ја менува стратегијата, вонредната состојба нема да се продолжува
Има уредби и мерки што се донесоа, се имплементираат мерките, со мсжност за рестрикциии во движењето, а за тоа и без воведување вонредна состојба има можност. Значи, сега не е потребно продолжување на вонредната состојба - нагласи министерот.
Сметам дека стратегијата е добра, таа се надградува врз осова на бројот на заболени, положбата на местото и конткактите меѓу кластерите, а има и специфични мерки,како во Штип каде се затворени конфекциите и во Тетово се отсранети проблемите. Овде во Скопје новозаболените се од семејни настани, така се идентификувани и контактите и помеѓу кластерите- изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашањето дали треба драстична промена на стратегијата со оглед на големиот пораст на нови случаи на ковид-19 во земјата и за коментар за тоа што Владата го отфрли предлогот за полициски час.
Тој појасни:
– Оваа мерка на поинтезнивна контрола во критичните подрачја со цел елиминација на проблемите и причините коишто доведоа до зголемување а бројот на заразени – контола а носењето маски и на групирањето ќе даде резултат. Полицискиот час е модифициран, а и за време на полицискиот час имаше пренос на заразата. Значи нема дополнителни мерки од тие што се досега воведени. Ја следиме состојбата и ќе анализираме врз основа на бројките од епидемиолошките анкети – рече Филипче.
Тој додаде дека вонредната состојба има повеќе аспекти.
– Има уредби и мерки што се донесоа, се имплементираат мерките, со мсжност за рестрикциии во движењето, а за тоа и без воведување вонредна состојба има можност. Значи, сега не е потребно продолжување на вонредната состојба – нагласи министерот.