Филипче: Наскоро ќе излеземе со информација за потребата да се носи покривка на устата и на носот
Во поглед на бројот на заразени здравствени работници, министерот рече дека тоа се луѓе кои имаат близок контакт со пациентите кои се носители на заразата.
Тешко е да се предвиди процентот на заразени пациенти со коронавирусот кои направиле тестирање, но досега процентот се движеше помеѓу 10 и 20 проценти од направените тестови, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн прес-конференција.
– Изминуваат доволен број недели и ние сега очекуваме добри резултати од рестриктивните мерки. Ова е втор затворен викенд, следниот е трет, па ние очекуваме да видиме резултати од сето тоа. Во однос на маеркетите, сметам дека може да се организира работата. Ние разговараме активно и наскоро ќе излеземе со информација за потребата да се носи покривка на устата и на носот и тоа може да биде шал или марама. Очигледно е дека има ситуации во секојдневието во коишто човек се доближува преблиску до касите во продавниците или до шалтерите во банките – рече Филипче.
Во поглед на бројот на заразени здравствени работници, министерот рече дека тоа се луѓе кои имаат близок контакт со пациентите кои се носители на заразата.
– Имаме повеќе сценарија во коишто се заразија здравствени работници. Едни не биле свесни дека пациентот е заразен со ковид-19, други се заразиле надвор од работното место… Постојат повеќе сценарија – рече Филипче.