Филипче: Наша цел е трајно вработување на младите лекари

Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.

326

Наша цел е да го решиме статусот на малдите лекари во земја со трајно вработување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на средба со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во коивд центрите во Клинички центар, соопшти Министерството за здравство.

– Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на малдите лекари во земја со трајно вработување – рече Филипче.






Филипче, како што соопштија од МЗ, рекол  дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.

Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.

Поврзани содржини