Филипче: Направивме 210 серолошки тестови на вработените во кумановската болница

Вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски - рече министерот.

569

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски, иако има одреден дел и од здравствените работници.






– Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите до сега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните – соопшти во изјавата министерот Филипче.

Поврзани содржини