Филипче: Нама заболени меѓу поповите и оџите

Во Бигорскиот манастир е направено тестирање но нема заразени.

685

Нема заболени меѓу поповите и оџите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Според она што го имаме како информација досега нема информација за заболени свештени лица. На почетокот на кризата имавме најава дека во Бигорскиот манастир меѓутоа уште во времето кога се воведе кризната состојба во Дебар, тогаш веќе имаа неколку луѓе кои имаа горнореспираторни симптоми од манастирот, пративме екипа, се направи тестирање на тие на кои беше индицирано и и кај никого не беше дијагностициран ковид вирусот. Од тогаш конкретна информација за некој од овие институции, јас лично немам –  рече Филипче.

Поврзани содржини