Филипче: На Клиниката за инфективни болести нема нови заразени од ковид-19

1,142

На Клиниката за инфективни болести нема нови заразени од ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

– Нема нови заразаени. Сите тестови се негативни. Се размислува и за можноста заразата да настанала надвор од работното место за што сега се прават епидедмиолошки анкети по конткатите на кои укажал медицинскиот техничар. Ниту еден од вработените не бил во контакт со него без заштина опрема – уверува Филипче.






На прашањето дали ќе се тестираат вработените на Клиниката за гинекологија во Скопје, каде неодамна беше породена заразена родилка, со царски рез, Филипче одговори:

– Се тестираат лица кои имаат симптоми. Таму постои целосно изолирана патека по која се движат родилките кои се сомнителни на корона. Целосно се опремени лекарите и медицинските сестри. Само ако некој од персоналот има симптоми тогаш ќе се тестира.

Во однос на прашањето дали треба да се кремираат починатите од ковид-19, министерот рече:

– Постои соодветен протокол за погребување како се предава телото и слично. Како што е сега поставено, апсолутно нема ризик за присутните на чинот на погребување.

Поврзани содржини