По шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во поликлиниката во Шуто Оризари, денеска Министерството за здравство добило апликација на седмиот оглас од приватна поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја поликлиника.
Можеби ќе ве интересира
„Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Сакам да информирам дека заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што МЗ го реши и овој децениски проблем во општината“, информира Филипче на Фејсбук.