Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е можно следниот месец, во мај, по празниците да почнат да олабавуваат рестриктивните мерки во земјава против коронавирусот.
Тој најави дека е можно за Велигден карантинот да трае од петок попладне до вторник наутро.
– Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција – рече Фиипче.
Тој уште еднаш повтори дека за време на викендот за Велигден ќе важат строгите мерки, односно ќе имаме карантински викенд, а потоа дополнително ќе се разговара во Владата за постепено олабавување на рестриктивните мерки.
– Во согласност со бројот на новодијагностицираните пациенти за кои, искрено се надевам, според предвидувањата некаде на крајот на април да го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала, но и целокупниот работен процес – вели министерот Филипче.
Владата утре ќе одлучува за рестриктивните мерки за време на велгиденските празници.
– Во однос на следниот викенд ќе разговараме точно каква мерка ќе биде во тек на следнава недела, почнувајќи од утрешната владина седница .верувам дека еден од деновите ќе биде дополнително воведен во викендот. Значи еден од предлозите е да им рестрикција на движењето од петок попладне до вторник наутро. Значи, плус понеделник – рече Филипче.