Меѓународниот ден на трудот носителот на Изборната листа 4 на СДСМ, Венко Филипче, го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат.
– Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Тоа беше незамисливо до пред само седум години. И продолжуваме. Си поставивме цел за минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра во новиот мандат. Работниците се двигатели на секоја економија во секоја држава. Затоа не се откажуваме од унапредување на работничките права, растот на платите и обезбедувањето подобро платени работни места – порача Филипче од Дојран.
Можеби ќе ве интересира
Тој на денешниот Меѓународен ден на трудот потсети дека за седум години просечната плата од 22.000 денари денес е зголемена на близу 40.000 денари, а минималната плата од 8.000 денари денеска изнесува речиси 23.000 денари.
Филипче зборуваше и за невработеноста која од 25% во 2016 година е преполовена на 12,8 %, дека е зголемен животниот стандард и куповна моќ за цели 35%, како и тоа дека недела е ден на семејството и е неработен ден.
Тој од Дојран рече дека следниот мандат предвидува програма младите до 26 години да добиваат по 200 евра за прво вработување, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра.