Филипче: Мутираниот вирус прави тешки компликации 12, 13, 14-от ден и кај помлади пациенти

Министерот информира дека вкупната бројка на вакцинирани досега е 10.000.

664

Се соочуваме со бран кој е предизвикан од мутација на вирусот којашто е поразлична во однос на карактеристиките и бранот кој беше во ноември лани. Овој бран предизвика голем број хоспитализирани пациенти од ковид-19 и  лекувањето да трае подолго што создава поголемо оптоварување на здравствените работници и болничките установи, но и тешка клиничка слика кај помлади пациенти кои за жал завршуваат фатално, порача министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата на која премиерот Зоран Заев ги објави новите рестриктивни мерки поради пандемијата.

– Икао досегашните мерки ги стабилизираа бројките, се надевам ќе нема измени на пикот кој беше беше на 31 март, 1 и 2 април,  сепак огромна е бројка на новодијагностицирани и хоспитализирани пациенти. Сметаме дека празниците кои доаѓаат може дополнително да ја искомплицираат епидемиолошката ситуација и затоа не сакаме да дозволиме дополнително да се оптовари здравствениот ситем и да биде тешко да го менаџираме. Во таа смисла се сите овие дополнителни рестриктивни мерки за епидемијата да стивне – рече Филипче






Тој додаде дека активирани седе сите модуларните болници и почнува со работа и ковид центарот во Битола. Иако има намалување на инциденцата од претходната недела сепак таа е висока во Куманово, Битола, Кичево и во Тетово и тоа е ризик и предизвик за цекиот здравствен систем. Тој рече дека сите дополнителни оделенија се речиси исполнети

– Имаме една клиничка слика на болеста која е многу различна од претходната,  хоспилтализација трае подолго, за разлика од претходно кога  по 14-от дена пациентите се излекуваа, сега има влошување 12-от, 14-от ден од лекувањето во форма која ретко се гледа со драстично влошување на сликата на белите дробови и крвта  и која члесто завршува со лош исход – рече Филипче.

Тој додаде дека смртноста е висока, но дека е така  насекаде во регионот и дека сите се соочуваат со истите предизвици.

Министерот информира дека вакцинацијата се спроведува насекаде во државата, двајца граѓани имале колапс но тоа не е доведено во врска со вакцината и сега се во добра здравствена состојба. Тој повтори дека 3.000 граѓани дневно ќе се вакцинраат во салата „Борис Трајковски“. Вкупната бројка на вакцинирани е 10.000 и рече дека девојката кој по вакцинацијата со АстраЗенека имала тромб на вената на окото денеска ќе биде пуштена на домашно лекување. 

Поврзани содржини