ФИЛИПЧЕ МИСЛИ НА ДУБАИ Апасиев ја цица партијата, Ахмети зборува за генерали – гладни се за моќ, рече Мицкоски

Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители, Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев, се здружила, жедна и гладна за власт, моќ и привилегии. Но, исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Јегуновце.

134

Опозициските партии и нивните претседатели водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Јегуновце.

ДУИ нè враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи, потенцира Мицкоски.






– Мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат 3 политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие два концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори – рече Мицкоски.

Тој рече дека Ахмети, Филипче, Апасиев ги поврзува гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители, Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев, се здружила, жедна и гладна за власт, моќ и привилегии. Но, исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие 3 политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ – кажа Мицкоски.

Тој се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа сè што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.

– Сетете се 2015-2016 година што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот, направен со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. Денеска гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица – рече Мицкоски.

Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган „Се бориме за нашиот дом“, но за кој дом, за хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич, рече Мицкоски.

– За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи нè наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи нè за некакви средби со генерали или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот, заклучи Мицкоски.

 

Поврзани содржини