Филипче: Mилион донирани заштитни маски ќе се испорачаат во здравствените установи

495
Министерот за здравство, Венко Филипче, информирајќи за состојбата со коронавирусот во нашата земја, најави и дека милион донирани заштитни маски ќе се испорачаат во сите здравствени установи. 





– Веќе е направен распоредот за делење на заштитните маски кои стигнаа како донација од Чешката Република. Тоа се еден милион маски, кои ќе бидат дистрибуирани по сите установи согласно распоредот, потребата и интензитетот на употреба. Кон крајот на оваа недела се очекува да стигне и помошта од Соединетите Американски Држави во заштитна опрема, по што таа ќе биде или соодветно дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство – рече Филипче.
Поврзани содржини