Филипче: Медицинска сестра од Куманово позитивна одела два дена на работа, во самоизолација 4 медицински лица

797

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека пациентка од Штип која таму била примена на 26 март, првиот тест и бил негативен. Пациентката  има 80 години, се лекувала на одделението за инфективни болести, но по влошување на состојбата и на 30 март е повторно упатена на клиника, а тестот покажал дека е позитивна.

Заради внимание, 4 медицински лица ќе бидат во самоизолација. Направена е прераспределба на медицинските сестри, 8 ќе ротираат од други одделенија. Една медицинска сестра од Куманово која работи на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, вчера почувствувала зголемена телесна температура, земен е брис. Истата е позивина на корона, за овие два дена додека била на клиниката била со целосна заштита опрема, но направени се интервјуа и со колегите, па ќе се постапи согласно податоците – рече Филипче.

 

Поврзани содржини