Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата рече дека задолжителното носење маски е воведено поради големиот број на асимптоматски случаи.
– Точно е дека иницијално препораките на СЗО е да не се носат маски, посебно лица кои се здрави, но во меѓувреме излегоа многу студии, а и искуства од други земји и имајќи го предвид сѐ уште не точно утврдениот начин на ширење на вирусот, како и фактот дека има и многу асимптоматски носители на вирусот како наша политика ја воведовме оваа мерка. Ја воведовме мерката за да се намали ширењето на вирусот. Ова се однесува на затворен простор, а на отворено тогаш кога нема да може да се оддржи препорачаната дистанца од два метри – рече Филипче.
Тој додаде дека епидемијата нема да престане со намалувањето на рестриктивните мерки и оти заштитата мора да продолжи.