Филипче лидер на СДСМ на стенд бај?!

 Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, од човек не бидува иден премиер или претседател.

2,186

Основен политички и етички критериум еден човек да се квалификува за лидер на политичка партија, да учествува на избори и да се бори за власт, е да живее во Македонија и – за Македонија.

Во својата земја да работи и да плаќа данок.






Со својот народ да дели и добро зло.

Да биде дома.

Се разбира, како и илјадници други Македонци, кои веќе ги напуштија родните огништа во потрага по подобар живот, секој човек и сега има легитимно право да ја напушти земјата. Никој никого не смее да осудува поради тоа.

Не е спорно и тоа дека секој наш иселеник во дијаспората, или на привремена работа во белиот свет, има легитимно право да биде политички активен, да гласа на македонските избори и да биде избран за пратеник.

Но, човек со мисла да си замине од својата земја, сепак не може да биде партиски лидер, некој што претендира да стане премиер или шеф на државата.

Со една нога надвор од Македонија, не се станува партиски лидер. Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, не се станува иден премиер или претседател.

Во таков човек, едноставно, немаме доверба. И – точка.

Една „славна“ изјава на Стево Пендаровски – онаа дека кога не би бил претседател, би си заминал од Македонија – го чинеше политичка кариера.

Сега, пак, дознаваме дека Венко Филипче, актуелниот лидер на СДСМ, сепак имал „златна виза“ за Дубаи. Претходно јавно тоа го негираше.

Преговарал за некаква болница, пред да стане пратеник и партиски лидер, но сега сето тоа било, како што вели, „на стенд бај“.

Да му веруваме на збор? Еве, јас му верувам, но имам сериозни дилеми со неговиот чуден исказ.

Што му значи тоа – на стенд бај?!

Значи ли тоа дека Филипче не сакал да ја врати својата „златна виза“? Да ја врател, некако ј да му поверуваме дека сега, како пратеник и партиски лидер, сака да се посвети на Македонија.

Значи ли тоа дека СДСМ, всушност, има лидер на стенд бај?!

Што се случува, побогу, со луѓево на Бихаќка?!

Поврзани содржини