Амбулантско терапевтскиот дел во Институтот во Козле веќе е во функција, информира министерот за здравство Венко Филипче на онлајн прес конференцијата.
– Темелно се дезинфицира целиот простор, вработените кои беа позитивни поминаа асимптоматски или со лесна клиничка слика. Пет од вработените се излекувани, за пет се чекаат повторните контролни брисеви. Се примаат пациенти само за кои има индикација дека е неопходно да бидат третирани болнички – рече Филипче.