Филипче контра Пендаровски: Не се срам сликите во Србија, тоа е солидарност

Тој додава дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

1,039

Министерот за здравство Венко Филипче преку соопштение денеска истакна дека е изненаден за изјавата на претседателот Стево Пендаровски во која се заблагодарува на соседна Србија за вакцинацијата на граѓаните, но порачува дека е тоа срам за нашата земја.

Филипче вели дека тоа не е срам, туку одраз на солидарност.






– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја – истакнува Филипче.

Тој додава дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

– Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана – се додава во ставот на министерот Филипче.

Поврзани содржини
na