ФИЛИПЧЕ КОГА ЌЕ ПОРАСНЕ САКА ДА БИДЕ ЗАЕВ Граѓаните нема да му ја исполнат желбата

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска порача дека со неоткажувањето од Заев, Венко Филипче не се откажува од сите криминални ликови околу него, кои на грбот на народот спечалија милиони.

125

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа и од криминалот со милионските тендери во РЕК, каде подизведувачи се фирми блиски до него, рече денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Дали Филипче не се откажува од криминалот во РЕК, каде преку фирмите подизведувачи Јавор Транс и Сим Инженеринг се испумпани милиони? Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува од сите криминални ликови околу него, кои на грбот на народот спечалија милиони. Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации – рече Лефков.






Филипче со тоа што не се откажува од Заев, додаде Лефков, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.

– Венко Филипче, неврохирургот на Заев и негов потрчко, не се откажува од Заев, затоа што тој му е водич и идол. Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев. Венко Филипче е претседател на СДСМ со желба некогаш да има можност да ги преслика криминалите на Заев. Граѓаните таа желба нема да му ја исполнат никогаш – рече Лефков на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини