Филипче: Кинеските вакцини ќе тргнат утре од Пекинг, во Скопје ќе стигнат или на 30 април или на 1 мај

330

Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на  30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, процесoт започне.






Филипче рече дека досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани.

Министерот, во врска со рестриктивните мерки, рече дека будно ја следат ситуацијата и оти на вчерашната средба со верските лидери разговарале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки, бидејќи, посочи тој, тоа е единствениит спас за да нема некакво влошување.

 

Поврзани содржини