Министерот за здравство, Венко Филипче во гостување на Сител изјави дека до крајот на месецов би требало да пристигнат 200-те илјади вакцини од кинеската компанија Синофарм.
– Според последните информации, сега е нешто побавна комуникацијата поради тамошните празници, дека до крајот на месецов треба да бидат во нашата земја. Тоа е еден процес кој ќе може да се дисперзира низ целата држава. Навистина е полесна апликацијата, полесно е и чувањето. Тоа е вакцина што се чува на 2 до 8 степени, како вообичаените. Секаде во Здравствените домови има фрижидери каде што таа вакцина може да се складира – рече Филипче.
Тој информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.