На денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на прашање дали ќе се користи крвната плазма за лекување на пациенти заразени со ковид-19 посочи дека е изготвен протокол, но станува збор за третман за кој нема сериозни податоци.
– Изготвен е протоколот од страна на специјалистите на Институтот за трансфузиона медицина. Тој треба да ги помине и официјалните процедури и во Агенцијата за лекови, меѓутоа тоа е процес на лекување кој не е индициран кај секого, нема сериозни податоци, освен публикации, дека може да се користи во дадени многу конкретни случаи и затоа кон тоа прашање постапуваме многу внимателно“, рече министерот Венко Филипче.