Филипче: Имаме причина за славење, пациентка во Прилеп на 85 години го победи вирусот ковид-19
Минатата недела битолската болница ја напушти уште еден 85 годишен пациент – целосно излекуван од корнавирусот, напиша министерот.
Денеска сите имаме голема причина за славење – пациентка во Прилеп на 85 години го победи вирусот ковид-19!, информира денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Минатата недела битолската болница ја напушти уште еден 85 годишен пациент – целосно излекуван од корнавирусот. Им се восхитувам на силата на нашите двајца најстари пациенти кои ја добија оваа тешка битка. Честитки до нив, нивните семејства и медицинскиот персонал во двете болници“, напиша Филипче.