Филипче: Имаме посилен бран на вирусот поради семејните собири и непочитување на мерките

Мора да се придржуваат сите кон превентивните мерки и да не се групираат луѓето за да не овозможиме ширење на вирусот, рече Филипче.

1,043

Деновиве имаме посилен бран на вирусот како последица олабавување на мерките и на повеќе настани главно семејни  собири на кои не е почитуваа мерките за дистанца, миење раце, носење маски на кои редовно апелираме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче информира дека во земјава е повикан советникот на регионалниот директор на СЗО Европа  д-р Фабио Скано  кој имал средби со властите и здравствените работници на кои се сумирани ресултатите од преземените мерки и се разговарало за идните мерки против коронавирусот.






– Мора да се придржуваат сите кон превентивните мерки и да не се групираат луѓето за да не овозможиме ширење на вирусот. апелирам граѓаните да држат растојание, да носат маски и да ги мијат рацете – рече Филипче.

Филипче рече и дека  здравствениот ситем е целосно прилагоден.

– Секојдневно ја следиме состојбата на болничките капацитетит и правиме прилагодување и ротации на здравствените работници.Она што е најважно е поддршката на граѓаните. Ако ова го имаме брзо ќе ја надминеме оваа состојба.Сега е поважно од било кога сите да дадеме придонес во спречување на ширење на вирусот – рече Филипче.

Поврзани содржини