Филипче: Имаме под 1.000 новозаразени, не се потребни дополнителни рестрикции

 Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

928

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска има нешто помалку случаи со болни од ковид- 19 за разлика од претходните денови.

– Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1.000. И тоа што очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата, односно да има стабилизирање, односно полицискиот час што беше воведен пред една недела, за десетина дена да ги даде резултатите – изјави Филипче.






Oд почетокот на оваа недела имаше забрзано полнење на болничките капацитети, пред се, на интерните клиники.

– Но, сега и на интерните клиники има сосема доволно празни болнички кревети така како што беше во пикот во бранот во ноември. Сакајќи да обезбедиме и дополнителен простор целосно опремен за да може да се третираат пациенти со ковид-19, уште едно одделение, тоа е за пластична хириргија и уште едно на призмејето. Тоа се одделенија на хириргија кои имаат посебни влезови и не ги контаминираат оние заеднички простории на хируршките клиники и лифтовите, практично сега се слободни и на располагање за сместување за ковид-пациенти и потенцијално најгорниот кат на Клиниката за кардиологија. Тоа се вкупно дополнителни, од оној максимум за време на вториот бран во ноември, 100 кревети повеќе за третман на овие пациенти – појасни Филипче.

Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, додаде Филипче.

Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучокот и ставот, дополни министерот, е дека на почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка.

– Сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час. Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање кои се следните мекри доколку дојде до влошување на ситуацијата со пандемијата.

Запрашан дали за учениците од 1-3 одделение се планира да ја следат наставата онлајн, генерално рече дека тоа не се однесува за територијата на целата држава и за сите училишта.

– Станува збор само за поединечни училишта, таму каде што има проценка од страна на епидемиолозите дека таква мерка треба да се препорача, а за заштита на учениците и наставниците во тие одделенија. Значи, сега е препораката да се продолжи вака како што е сега планиран системот – рече Филипче.

Поврзани содржини