Филипче: Имаме пет нови позитивни пациенти и две лица тестирани во друга лабораторија
Тој рече дека е контактиран и таксистот кој ја возел од Аеродромот до дома, а исто така во овој момент се контактираат и 31-то лице кои се вратиле со авионот од Виена.
Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека денеска има нови пет случаи на заразени со коронавирусот, како и двајца други дијагностицирани во друга лабораторија за кои треба да се направат нови тестови.
– Утрово беа тестирани 7 лица, негативни се резултатите на трите лица од Дебар, на двете лица кои чии брисеви стигнаа од Центарот за Јавно здравје од Штио и едното лице на Инфективната клиника. Позитивна е 54 годишна жена која пред неколку дена пристигнала од Холандија, таа била во самоизолација според неа, а контактирани и членовите на нејзиното семејство. Пациентката е со лесна клиничка слика и хоспитализирана и бројката сега изнесува 14 лица на Инфективната клиника – изјави Филипче.
Тој рече дека е контактиран и таксистот кој ја возел од Аеродромот до дома, а исто така во овој момент се контактираат и 31-то лице кои се вратиле со авионот од Виена.
Денеска беа тестирани уште десет други лица од кои седум од Дебар од кои 4 биле во контакт со заболените и тие се позитивните.
– Попладнето се тестирани уште десет други лица, седум од Дебар, од кои четири со симптоми кои биле во контакт со заболените, тројца кои беа избрани по малку поширока индикација се негативни и тројца други од Центарот за јавно здравје од Прилеп, еден од Инфективната клиника и еден од Инфективното одделение во Градската општа болница „8 Септември“, додаде Филипче.