Филипче: Имаме доволно кревети, половина од капацитетот на легла е празен
Со прераспределбата и со приклучувањето на машините на обичните кревети, сметам дека имаме сосема доволно легла за да ги примиме пациентите кои имаат потреба од медицинска нега - изјави Филипче.
Ако се земе бројот на респиратори во болнициите, тогаш ќе се добие и бројот на легла за пациентите, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Ние веќе направивме прераспределба на респираторите на приклучоци на кревети кои досега не биле наменети за интензивна нега. Во овој момент имаме сосема доволно легла и можам да кажам дека скоро половина од капацитетот на легла е празен. Со прераспределбата и со приклучувањето на машините на обичните кревети, сметам дека имаме сосема доволно легла за да ги примиме пациентите кои имаат потреба од медицинска нега – изјави Филипче.