Филипче: Имаме 5 нови случаи од кои 4 здравствени работници од Дебар
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.
Министерството за здравство информира дека попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од кои 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар.
– Во повеќето мои обраќања зборев за здравствените работници и нивното значење. Денеска имаме пет нови случаи од кои четири се здравствени работници од Дебар. Со ова вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31 лице. Освен четирите здравствени работници, позитивна е и сопругата на еден од пациентите чиј тест беше потврден во Жан Митрев – изјави Филипче.
Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца лекари од Клиниката за пулмологија, за да помогнат на здравствените работници, епидемиологот и тројцата инфектолози, во однос на скринигот, домашните визити на пациентите кои што се лекуваат во овој град.
Министерот истакна дека се свесни дека здравствените работници се најекспонираните, и за време на работата и надвор од здраветвените установи, но дека мора да се направи се тие да бидат заштитени. Поради тоа што во овие услови, тие се многу потребни, затоа што ни е потребен одржлив здравствен систем.