Филипче: Има над 20.000 заштитни маски кои се резерва за јавно здравствените институции

813

 Имаме голема резерва заштитни маски во рамките на Министерството за здравство. Имаме над 20.000 заштитни маски, кои се како резерва за јавно здравствените институции, истакна попладнево министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Тој посочи дека на светскиот пазар сега има помалку заштитни маски заради нивната голема побарувачка, меѓутоа секоја институција согласно одлуката на Владата има обврска да ги снабди своите работници со заштитна опрема.

Поврзани содржини