ФИЛИПЧЕ ИМ ЧЕСТИТА НА ПОБЕДНИЦИТЕ На СДСМ по поразот му треба длабока внатрешна реформа и реорганизација
СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и ќе го врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува, истакнува Венко Филипче.
Поранешниот министер за здравство и иден пратеник од СДСМ во новиот парламентарен состав, Венко Филипче, во објава на „Фејсбук“ им заблагодари на сите кои му ја дадоа поддршката на изборите како и на оние кои напорно работеа со мене него и го поддржуваа во кампањата.
„Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите. СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и ќе го врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови“ – пишува Венко Филипче.