📷 ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ СИ ГИ ЛАДАТ НА ЈАХТА НА ХАЛКИДИКИ Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори

Оваа фотка е снимена денеска, на Халкидики. Со Венко и со Зоки си ги лади и Александар Трајановски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром. Зборуваме за ладење на сладоледите, нормално …

15,116

Додека во Скопје, покрај пеколното време, се вжештува и политичката дебата пред кампањата за локалните избори, актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, предизборно си ги ладат на луксузна јахта на брегот на Егејското Море.

Оваа фотка е снимена денеска, на вториот крак на Халкидики, пред ексклузивната кафеана „Панос“. Ексклузивниот пловен објект е на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак.






Паѓа во очи распоредот на екипажот на ова пловило. На „клунот“ на јахтата е Венко Филипче и веројатно тренира да го џитне сидрото да влече напред. Позади, кај моторот, е неговиот ментор Зоран Заев. Да се знае кој е моторна сила на партијата и кој дејствува од заднина.

Фото: Плусинфо

На јахтата не се гледа најдобро третиот важен лик од друштвото, градоначалничкиот кандидат на СДСМ за скопската општина Аеродром – Александар Трајаноски. Но, затоа имаме фотки од кафеаната „Панос“, каде што јасно се гледа дека Трајановски е зафатен со „делкање“ на ручекот, што веројатно го платил главниот спонзор.

Инаку, како што е познато и повеќе пати јавно соопштувано од челниците на СДСМ, Заев никако не се меша во партиските работи и во изборите. Што се потврдува и од приложеното.

И така … Некој си ги лади на јахта на Халкидики, а некој, како „загреаните“ на Бихаќка, па и некои постари членови и ботови, активирани специјално за кампањата за локалните избори, нека се пењават и нека ломотат на цел глас, нека критикуваат „режим“, нека ветуваат победа и слични глупости.

Поврзани содржини