ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ГИ ДЕЛИ САМО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД ПУТИН Водеа антидржавна политика, раководена од лични интереси
СДСМ на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко и му овозможи да тера бизниси во Македонија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
– СДСМ на Венко Филипче и Зоран Заев му даде државјанство на човекот на Путин, Александар Онишченко и му овозможи да тера бизниси во Македонија. Инаку, Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател Виктор Јанукович, своевремено и пратеник во Украина, и станува збор за човек кој е осуден на 15 години затворска казна поради перење пари и корупција. Кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од родната му Украина, кога сите држави не го примаа и не му даваа престој, нашата влада предводена од СДСМ го вдоми и му даде државјанство – рече Лефков.
СДСМ на Филипче и Заев ја отворија вратата на рускиот бизнис и на Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа, додаде тој.
– Филипче и Заев со ваквото доделување државјанства на руски олигарси и блиски луѓе до Владимир Путин, водеа антидржавна политика водена исклучиво од лични интереси. Филипче и Заев ги дели само еден телефонски повик од Владимир Путин. Тоа е таа руска игра во СДСМ. И кога слушаме Бела Чао или Катјуша од Бихаќка знаеме дека некој им дошол на гости – рече Лефков.
Игрите и комбинациите на СДСМ со Русија преку Македонија и институциите ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тоа повеќе нема да биде случај, посочи пратеникот.