ФИЛИПЧЕ И СИНДИКАТОТ СЕ ДОГОВОРИЈА НА ШТЕТА НА ГАЗДИТЕ ПЦР тестовите ќе ги плаќа работодавецот
Конечен збор за ова ќе има Владата, која ќе одлучува на денешната седница.
Преговорите меѓу министерот за здравство Венко Филипче и претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Дарко Димовски и Љубиша Каранфиловски, вечерва завршија со компромис – на штета на газдите.
Така, според информациите што ги објавија медиумите, работниците што не сакаат да се вакцинираат против ковид-19 ќе мора да прават ПЦР тестови, но трошокот ќе падне на товар на работодавците.
За овој предлог, како и за предлогот за задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници и на вработените во јавната администрација, ќе се одлучува на утрешната седница на Владата.