Филипче и Дескоска ќе одлучуваат дали да ги стопираат судењата поради коронавирусот
Судот е место каде што циркулира голем број на луѓе, па затоа ќе разговарам со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како да постапиме во тој дел, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе, па токму затоа ќе одржам состанок со министерката за правда Рената Дескоска, со цел да донесеме одлука како е најдобро да се настапи за да ги заштитиме луѓето од коронавирусот. Ова го рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, откако новинар му го постави прашањето што ќе биде со луѓето кои присуствуваат на судењата во Основен кривичен суд во Скопје, каде што и во моментов трае рочиштето за случајот „Рекет“.
– Судот е место каде што циркулира голем број на луѓе, па затоа ќе разговарам со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како да постапиме во тој дел. Наското ќе ја соопштиме одлуката – рече Филипче.