Филипче: Гужви има во утринските часови, немам информации за инциденти

Мислам дека ова е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот и граѓаните во било кој дел од денот да може да се вакцинираат – истакна министерот.

632

Уште во раните утрински часови се забележани редици и гужви пред влезовите на сите скопски поликлиники, откако денес започна вакцинацијата против ковид-19 без закажан термин, а според информациите на неколку места интервенирала и полицијата.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека гужвите се веројатно поради тоа што граѓаните сакаат во раните утрински часови да се вакцинираат, поради посвежото време.






– Регистрирана е гужва во неколку пунктови во утринските часови, засега немам информација за пријавени инциденти. Мислам дека ова е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот и граѓаните во било кој дел од денот да може да се вакцинираат – истакна Филипче.

Министерот најави дека ќе разговара со директорите на сите здравствени домови во врска со организацијата на редот, а како што потенцираше сѐ уште имаат можност и сѐ уште ги користат ресурсите на армијата, па се надева дека со овие механизми за спроведување на редот.

Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите на установите.

Во Скопје вакцинирање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките „Јане Сандански“, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот. Се отвора и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7:30 до 14:30 часот, соопшти Министерството за здравство. Во спортските сали ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.

Поврзани содржини