Филипче: Граѓаните ќе отпатуваа и да немаше полициски час, важно е да се носат маски

1,487

Беше продолжен викенд и без полицискиот час луѓето ќе заминеа, рече министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали стравуваат дека масовното заминување на граѓаните во местата каде нема 80-часовен карантин може да ја влоши состојбата со коронавирусот во земјава. Според него не може Македонија да се споредува со Италија.

– Важно е да се носат маска, И во местата каде заминаа граѓаните има ограничување на движењето. Нема простор да се споредуваме со Италија Точно се познати кластерите и тие луѓе се во изолација. Луѓето ќе заминуваат и следните викенди. Познати се кластерите. Во Сарај почна вториот бран, во Чаир и во Бутел се најголемиот број на позитивни асимптоматски случаи. Тие луѓе се во изолација – рече Филипче.






Тој одговори дека граѓаните кои биле за викенд надвор од Скопје и другите градови каде има 80-часовен карантин  нема да се тестираат.

– Индикацијата за тестирање е врз основа на контактите, не може да се тестира ако нема индикација – рече министерот.

 

Поврзани содржини