Филипче: Голем ден за заслужено славје, сепак почитувајте ги мерките!
„Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче на Фејсбук.
Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита, напиша, министерот за здравство Венко Филипче која на фејсбук им ја честита победата на нашите фудбалери и пласманот на Европското првенство.
„Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче на Фејсбук.