Министерот за здравство Венко Филипче на онлајн пресконференцијата информира дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1 и дека е израмнета кривата на епидемијата.
– Сите имаме подеднаква одговорност, секој кон себе но и кон останатите. Не смееме да дозволиме сега да го доведеме во прашање тоа што сите заедно го издсражавме и го надминавме, можеби најтешкиот период. Нашите анализи укажуваат дека факторот на трансмисија генерално во целата земја е под 1, но правиме детални анализи за одредени региони и чекаме уште неколку денови да видиме каков ќе биде трендот на новозаразени. Со сите тие мерки ја израмнивме кривата на епидемнијата и не го оптоваривме здравствениот систем. Само ако лични секој граѓанин ги пичитува мерките ќе го издржиме ова и ќе го вратиме нашиот живот во нормала – рече Филипче.
Тој рече дека на влада биле рзгледани предлог мерки кои ќе важат за продолжениот првомајски викенд. Ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот до 14 часот. Двете возрасни групи се оделени. За лицата над 67 години е дозволено движење од 5 наутро до 11 а на лицата до 18 години од 12 до 14 часот.
– Со ова граѓаните имаат доволно време да прошетаат и да ги набават потребните намирници без да се создаваат гужви на пазарите и во маркетите. Апелирам да се носи заштитна маска – рече Филипче.