ФИЛИПЧЕ ГО КОПИРА ЗАЕВ, А ЗАЕВ ВОДЕШЕ КАТАСТРОФАЛНИ ПОЛИТИКИ Нема идеи, ниту стратегија за државата

За Филипче добри политики се што ги оставија пациентите без терапија, учениците без учебници и што дозволија корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството, а криминалот енормно да се прошири, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

385

Венко Филипче не само што не се огради и дистанцира од политиките на Зоран Заев, туку тој самиот признава дека сака да биде како Заев, Венко Филипче е продолжена рака и континуитет во катастрофалните политики на Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Политиките на Филипче не се ништо друго освен „како и до сега“, како што и самиот тврди „ние водевме добри политики“. За Филипче добри политики се хаосот во здравството што го направија, креирањето на криминалните шеми на Онкологија, од кои профити имаа Филипче и блиските до него. Филипче ги смета за добри политики и практики тоа што ги оставија пациентите без терапија, без лекови, во агонија и со недостаток на медицински кадар“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






За Филипче добри политики се тоа што се договараа тендери во четири очи, се додава во соопштението,

„За Филипче добри политики се тоа што СДСМ дозволи корупцијата да навлезе во секоја пора во општеството, а криминалот енормно да се прошири. За Филипче добри политики се тоа што СДСМ ги остави учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производството. Филипче нема идеи, визија и стратегија за развој и за унапредување на државата, освен да ги копира лошите политиките на Заев кои го уништија животниот стандард на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини