ФИЛИПЧЕ ГО ИЗБРА ЗАЕВ, А ГО ЗАКОПА СДСМ Наместо да покаже дека е автентичен, тој се забетонира себеси на дното

Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за македонскиот народ и јазик, обвини Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

723

Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него, реагираше денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себеси на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали. Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за македонскиот народ и јазик. Во СДСМ не се сменило ништо, тоа е истата антидржавна партија на Заев. Партија со државнички позиции и Зоран Заев не одат во иста реченица, затоа повеќе од јасно е дека Венко Филипче го избра Заев, а ја закопа партијата СДСМ. Жално е како Венко Филипче не гледа дека токму Зоран Заев е причината заради која СДСМ е распарчена партија и дека токму тој е причината за предавствата на Македонија и криминалот кој царуваше 7 години. Со Венко Филипче ништо ново не му се пишува на СДСМ, повторно истата приказна која народот добро ја знае – рече Лефков.

Поврзани содржини