ФИЛИПЧЕ Е СПРЕМЕН ЗА ИЗБОРИ Лидерот на СДСМ тврди дека народот е незадоволен од власта

Теренската анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

173

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека СДСМ е подговен за предвремени парламентарни избори.

– Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само три месеци по формирањето, покажува дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренската анкета покажува дека над 65% од граѓаните не се задоволни од работата на Владата – рече Филипче.






Што се однесува до СДСМ, додаде тој, ние сме подготвени да одиме на било какви избори, од денеска па натаму.

Во четвртокот на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски го повика Венко Филипче на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

– Сигурни сте дека сакате избори? Ние сме подготвени да бидат заедно со локалните, но да не бидете после разочарани – рече тогаш Мицкоски.

Инаку, според последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), ВМРО-ДПМНЕ е партијата со најголема доверба меѓу граѓаните.

Според податоците, довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите партии на листата.

СДСМ, ДУИ и Вреди имаат идентична поддршка од по 7%, додека Левица добива поддршка од 5% од испитаниците, а партијата ЗНАМ – 4%.

📊 МИЦКОСКИ – ФИЛИПЧЕ = 5:1 Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има најголема доверба кај народот

Поврзани содржини