ФИЛИПЧЕ Е КОПИЈА И ПОСЛУШНИК НА ЗАЕВ Целосно ги брани политиките што ја понижија Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче дека ги смета за добри политики смената на името, договорот со Бугарија, криминалните афери во РЕК Битола, ЕСМ, СОЗР, Лотарија и дека сè што направи Зоран Заев, тој би повторил.

103

Венко Филипче првпат се стави јавно во целосна одбрана на политиките на Зоран Заев, кои ја понижија, осиромашија и ја уништија државата, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– „Ние водевме добри политики“ на Венко Филипче е новото „Како до сега“. Тврдењата на експертите дека Венко Филипче е пион се покажаа за точни. Венко Филипче ги брани, и ги смета за добри политики смената на името, договорот со Бугарија, криминалните афери во РЕК Битола, ЕСМ, СОЗР, Лотарија. Венко Филипче кажа дека со сè што направи СДСМ, тој се согласува и дека истото би го направил – рече Петрушевски.






Венко Филипче, призна дека тој би направил сè што направи и Заев и од него не може да се очекува ништо друго освен нов Зоран Заев, додаде Петрушевски.

– Се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, Венко Филипче нема политики, ниту став за најобични прашања. Негов став е сè што Заев направил и кажал, тој е само бледа копија и послушник – рече Петрушевски.

 

Поврзани содржини