Филипче: Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани

Министерот посочува дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

360

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот „Фејсбук“ профил сподели дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

– Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани – објави министерот.






Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk изразиле 330.513 граѓани.

– Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација – напиша Филипче.

Поврзани содржини