Филипче: Докторите се преморени од борбата со ковид-19 и затоа ги напуштаат клиниките
Министерот за здравство Филипче рече дека на нивно место доаѓаат нивни колеги.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека заминувањето на медицинскиот кадер од државните клиники е резултат на нивната премореност во борбата со ковид-19.
– Изморени од борбата со ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника – рече Филипче.
Тој информира дека отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“,Патриција Каламарас.
– Јас разговарав со неа, но таа е решена да замине. Таму има други двајца инфектолози, размислуваме и веќе разговаравме за начинот на кој ќе се појача тоа одделение. Засега заедно со интернистите, имајќи го во предвид овој број на пациенти кој што е хоспитализиран таму и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволни. Но, спремни сме да интервенираме со системот на ротација доколку е потребно било кое одделение да се поддржи – рече Филипче.
Тој рече дека и сестрите кои минатиот викенд најавија заминување, потврдиле дека ќе одат во приватни клиники.
Министерот за здравсртво рече дека на нивно место веќе дошле нивни колеги.
Во врска со најавата за мерка да се носат маски на отворено,Филипче дека се следи ситуацијата во Италија и според нивните искуства, носењето на маски на отворено ја смени епидемиолошката слика во таа земја.
– Сега е секој сам свој инспектор, полицаец. Далеку сме од полициски час, од засега ги исцрпуваме можностите. Ќе го избегнеме целото карантизирање, само доколку сите ги почитуваат мерките – рече Филипче.