Филипче: Девојче од Штип е најмалиот пациент заразен со коронавирус

Покрај овој случај во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

630

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција до 16 часот се регистрини 6 нови случаи со што бројката на заболени е 48 лица.

– За прв пат во земјата е забележано заболување на 4 годишно дете, кое е вратено од Англија, а се претпоставува дека заболело во градинка. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. На Инфективна девојчето е сместено со мајката, ќе се земат дополнителни брисови. Во моментов покрај девојчето се тестираат двајцата родители, како и еден од родителите, поточно бабата. Епидемиолозите ќе направат анализа за тоа дали и некои други се заразени, но родителите биле во самоизолација и биле свесни за тоа дека имало случај во градинката – рече министерот.






Покрај овој случај во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија

Во овој момент според министерот се тестираат 35 лица, а нивните резултати ќе бидат објавени веднаш кога ќе бидат објавени.

– Денеска е направен план за ставање во функција на третман и на овие пациенти со коронавирус на болинцата „8 септември“, со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарса интервенција на пациенти кои што се сомнителни или имаат веќе потврден Ковид-19 и со цел да се зачуваат останатите капацитети – вели Филипче.

Поврзани содржини