ФИЛИПЧЕ, ДЕСПОТОВСКИ, ПЕТРОВСКА, БAЈДЕВСКИ Потврдени кандидати за претседател на СДСМ

Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

435

СДСМ денеска соопшти дека Централната изборна комисија на партијата ги разгледала поднесените кандидатури за претседател на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни и оти е утврдена единствена листа со четворица потврдени кандидати.

„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски“, се наведува во соопштението од СДСМ.






Оттаму посочуваат дела Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

„Вака утврдената листа од четворица кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини