Филипче: Денеска уште пет починати, не сакаме да имаме преполни болници, ќе видиме што ќе преземеме

2,306

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека загрижува последниот тренд на зголемување на смртните случаи од ковид-19.

– Денеска веројатно ќе бидат презентирани уште пет починати. Станува збор за тешка болест која се манифестира во тешка клиничка форма. За сите се презема, сѐ. За жал има и млади починати дел од нив се со сериозни коморбидитети што ја намалува шансата за добар исход. Примертуваме дека изминативе денови е зголемен бројот на позитивни случаи. Правиме анализи, тоа што не сакаме да дозволиме е да имаме преполни болници. Врз основа на анализите ќе кажеме на што се должи и дали ќе се преземе нешто. За жал превентивните мерки не се почитуваат – одговори Филипче на новинарско прашање за зголемениот број на смртни случаи при посетата на специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.  

Поврзани содржини